Бон-тон правила кои сите треба да ги знаат

Понекогаш се чини дека луѓето забораваат на правилата за убаво и пристојно однесување, па затоа секогаш е убаво да се потсетиме на некои бон-тон правила кои сите луѓе треба да ги почитуваат.

Еве дел од нив:

Никогаш не одете кај некого дома без да се најавите.

Кога сте излезени, никогаш не го ставајте телефонот на маса. Со тоа покажувате дека овој уред игра важна улога во вашиот живот, дека ви е здодевно и дека едвај чекате да го земете телефонот и да проверите што се случува на социјалните мрежи.

Не канете некој да излезе со вас доколку планирате цела вечер да се допишувате со некого преку пораки.

Маж никогаш не ја носи чантата на жената. Сепак може да го однесе нејзиното палто до местото каде што се оставаат палтата.

Ако се шетате со некого и таа личност застане да се поздрави со некого и вие треба да се поздравите, дури и ако не се познавате.

Вашите чевли секогаш треба да бидат чисти.

Избегнувајте незначајни муабети по телефон. Ако ви треба некој за да разговарате, подобро да го правите тоа очи во очи.

Ако некој ве навреди не треба да вратите на истиот начин. Само насмевнете се и заминете си.

Мажот секогаш треба да оди од левата страна на жената. Војниците се исклучок од ова правило, затоа што секогаш треба да се подготвени за поздрав.

Возачите треба да запаметат дека прскањето на пешачиците е немормално однесување.

9 работи кои треба да бидат тајна: возраст, заработка, семејни расправии, религија, медицински проблеми, љубовни афери, подароци, чест и срам.

Во кино или театар, треба да се движите кон вашето седиште свртени со лицето кон оние кои што седат. Мажот оди прв до седиштето.

Маж никогаш не треба да ја допре жената без нејзина дозвола.

Ако некој ве повикува непристојно, како на пример: „Еј ти!“, не треба да се свртите.

Златното правило за парфемите е умереноста. Ако се уште можете да го мириснете сопствениот парфем и вечерта, иако сте го ставиле тоа утро, тоа значи дека сите останати се веќе уморни од него.

Добро воспитан маж секогаш ќе покажува почит кон жена.

Во присуство на жената, мажот може да пуши цигара само со нејзина дозвола.

Без оглед на тоа кој сте: директор, академик, постара жена или студент – кога влегувате во просторија вие треба да бидете први што ќе се поздравите со сите.

Почитувајте ја приватноста на комуницирањето. Родителите не треба да ги читаат писмата на своите деца. Паровите треба да ја имаат истата почит еден кон друг.

Не се обидувајте да бркате трендови. Подобро е да се облекувате фино, дури и ако не е баш според трендовите, отколку да изгледате лошо во најнов костум.

Ако ви е простено откако сте се извиниле, не ја почнувајте повторно таа чувствителна тема.

Избегнувајте прегласно зборување и смеење, како и зјапање во луѓе.

Не заборавајте да им се заблагодарувате на вашите сакани, роднини и пријатели. Тие не ви помагаат затоа што мораат, туку затоа што сакаат. Почитувајте ги!