Кинеската полиција уапсила 29-годишен маж кој откако конзумирал метамфетамин, од прозорецот на својот стан исфрлил голем број банкноти на улицата кон луѓето кои оделе на работа.
Неименуваното момче предизвика вистинска мешаница на улицата. Луѓето застанале и излегле од автомобилите за да ги земат расфрланите пари, а видеото покажува и дека има застој во сообраќајот. Според „Гардијан“, полицијата објавила дека човекот бил „во транс“ предизвикан од дрога кога решил да фрла пари од триесеттиот кат на облакодер каде што живее во градот Чонгкинг во југозападна Кина. Граѓаните повикале полиција која дошла и го привела човекот.
Тој бил приведен за употреба на наркотични средства и му била укажана соодветна медицинска помош. Ова не е прв ваков случај во Чонгкинг. Пред три години, неименувана жена чекорела среде застој на сообраќај по улица и фрлала банкноти предизвикувајќи ги полицајците кои ја фатиле. Таа фрли околу 16.000 јуани или повеќе од две илјади долари, а подоцна објаснила дека тоа го сторила затоа што била лошо расположена.
Минатата година, еден човек фрли дури 100.000 јуани или околу 15.000 американски долари на патот во Фујанг. Ова предизвика сообраќаен колапс и луѓето паѓаа еден врз друг, обидувајќи се да ги грабнат расфрланите пари.