Состојки:
- 1 кг брашно тип 400
- 3 јајца + 2 жолчки
- 250 гр шеќер
- 2 ванилин шеќер
- 3 рендани кори од портокал и 1 кора од лимон
- 1 свеж квасец
- 100 гр. маст + 150 гр. путер
- 500 мл млеко
- прстофат сол
Подготовка:
Во еден сад загрејте 100 мл млеко (не смее да биде претопло) па додадете една чајна лажичка шеќер и 1 чајна лажичка брашно. Промешајте па додадете го свежиот квасец. Оставете да надојде, покриено со кујнска крпа. Брашното просејте го и оставете го на топло за да се загрее.
Изматете три цели јајца и две жолчки се додека да добиете пенаста смеса, потоа додадете шеќер, ванилин шеќер, па повторно миксирајте за да добиете хомогена смеса, а шеќерот да се растопи. На крајот со лажица измешајте ја ренданата кора.
На тивок оган растопете ја маста и путерот ( да не зоврие )
Во смесата со јајца додадете го брашното и полека измешајте, потоа во неколку наврати долејте ја смесата од маст и путер со постепено мешање. Додадете прстофат сол и надојдениот квасец, па повторно убаво измешајте. Започнете постепено да го долевате млекото со постојано мешање.
Тестото оставете го на топло, покриено со крпа, додека да се удвои. Повторно размесете го и поделете го на 4 еднакви топки. Оставете ги покриени повторно да се дигнат.
Рерната загрејте ја на 150 степени, а обликуваните топки со оштар нож или ножици пресечете ги од средината кон три агли, правејќи резови долги околу 5 см, (Или обликувајте по ваша желба). Печете 30 минути.
Во меѓувреме направете сируп од 50 мл вода и 1 голема лажица шеќер, добро измешајте и после 30 минути печење, извадете го лепчето од рерна, премачкајте го со сирупот и наросете го со шеќер. Вратете во рерна да се допече уште 10 минути.
Извадете и добро изладете пред сечење.
Совет: Сирупот може да го направите и по ваша желба и да наросите со декоративни мрвици или ореви.
Добар апетит!