Како да се борите со настинките без лекови?

Годишно во просек човекот настинува од еднаш до шест пати.

Најпрво се јавуваат благи симптоми кои траат 5-10 дена. Додека кај грипот, кој е предизвикан од различна група на вируси може да има тешки симптоми.

Кај полесните настинки може да си помогнете и без таблети или капсули.

Еве како е тоа можно…

Печурките се храна која значително го зголемува имунитетот. Тие го зголемуваат производството на антивирусни протеини кои ги напаѓаат бактериите и вирусите кои му штетат на вашиот организам.

Топлата купка со етерични масла ќе ве опушти и ќе ви ги отпуши дишните патишта.

Лажица мед, ќе помогне при болки во грлото.

Пилешката супа уште од многу оддамна е познато дека се користела како антибиотик.

Солената вода е одлична за инхалација и освежување на дишните патишта.

Јогата или било која друга вежба која може да ве смири и да го стабилизира вашето дишење.