Различни ситуации можат да поттикнат реакции на кои човек и не е особено горд, но во даден момент тоа е едноставно нешто што не може да се сопре. И додека повеќето луѓе решаваат бројни ситуации во својот живот со студена глава, други експлодираат и при самата помисла на сложена задача. Веројатно сте забележале дека во најчесто реагирате поинаку на одредени ситуации во однос на вашиот партнер, на пример. Дали можеби ви паднало на ум дека хороскопскиот знак има врска со тоа? Кога би ги знаеле најголемите кавгаџии во зодијакот веднаш би можеле да си ги сложите коцките.
Овен
Благоречено, Овните би можеле да бидат опишани како чајник чиј поклопец лесно затреперува при вжештен пламен, чекајќи го неизбежниот писок. Овните се личности кои со неверојатна брзина зовриваат и имаат цврсти ставови и прекор кон другите. Тие не знаат да зборуваат тивко, без да ги слушне целата куќа или соседството. Ако нешто не им е по волја, јасно ќе го искажат својот став. Овните како да немаат време за она „изброј до десет, па кажи“, и конципирањето на приказната во главата за тоа како би можеле да се одвиваат нештата откако ќе проговори.
Лав
Владеејќи со своето кралство храбро и одважно, Лавовите не се воздржуваат од судирите на кои наидуваат. Не сакаат, поточно, не поднесуваат неправди, исмевање, омаловажување и слични нешта и поради тоа многу лесно ја преминуваат границата наречена трпение. Нема да пропуштат можнпст јасно да им покажат на сите околу себе кои ги сметаат за личности со погрешно видување и зошто. Ќе ја бранат својата гордост непопустливо и никогаш нема да нападнат без вистинска потреба и добра причина.