Неколку знаци дека ви недостасува витаминот на сонцето

Истражување од Харвард покажало дека милијарди луѓе ширум светот патат од недостаток на витамин Д.

Доколку избегнувате излегување на сонце, не консумирате одредени видови храна и додатоци на исхраната, можно е и вие сте дел од оваа бројка.

Витаминот Д е составен од седум витамини кои се синтетизираат под кожата под влијание на сонцето, односно со директно изложување на ултравиолетовите зраци, а може да се најдат во храната како рибиното масло, месото, млекото и млечните производи, жолчката и печурките.

Тој има важна улога при одржувањето на концентрацијата на калциум во телото, придонесува за силни коски и здрави заби, како и за посилен мускулен тонус.

Фото: pixabay.com

Кога имате недостаток на витамин Д во телото, ќе ги забележите следните симптоми:

1. Кршливи коски

Телото престанува да гради коскена маса околу 30-тата година во животот, па недостатокот на витамин Д ќе ги забрза и влоши симптомите на остеопорозата која обично се јавува во третата животна доба.

Оние кои имаат недостаток на овој витамин ќе има и почести скршеници од останатите.

2. Болки во коските

Постојано присутната болка во коските може да е последица од одредена здравствена состојба, но за ова непријатно чувство може да биде виновен и недостатокот на витамин Д.

Доколку се сомневате на ова, треба да направите едноставна крвна слика за да проверите.

3. Лошо расположение

Клиничката депресија воглавно е директно поврзана со намаленото количество на витамин Д. Иако нема јасни докази за тоа, експертите веруваат дека недостатокот на витамин Д влијае при лачење на серотонинот, кој го одредува расположението кај луѓето.

4. Претерано потење

Претераното потење има бројни причинители, а еден од нив е малата количина на витамин Д во телото. Ако вашето лице постојано „сјае“ од големата количина пот што ја лачите, дури и кога мирувате во околина со просечна температура, направете тест за витамин Д.

5. Чувство на слабост и замор

Се чувствувате уморно и слабо дури и по квалитетен 8-часовен сон? Причината може да се крие во недостатокот на витамин Д.

Освен железото, за силата на телото придонесува и витаминот Д..