Најпознатата светска реалити ѕвезда Ким Кардашијан неодамна го лансираше својот но парфем од чија продажба буквално заработува милиони долари за само неколку минути.
Но успешниот бизнис со парфемите го поремети судска тужба. Имено компанијата Vibes Media ја тужи Ким бидејќи наводно им го украла логото Vibes кое уредно го регистрирале и заштитиле уште во 2012 година.
Компанијата бара оштета и налог да се повлечат од продажба парфемите со спорна амбалажа.