Појадок од срце – идеи за совршено добро утро!

Појадокот велат е најважен оброк во денот – ако е така зошто да не е направен со љубов и од срце. еве неколку идеи како од обичните состојки на еден појадок да направите нешто навистина прекрасно што сигурно ќе ја измами насмевката на вашиот партнер или на децата.

ИДЕЈА 1 – срце од виршла и јајце

Се што ви треба е виршла, јајце, чачкалица.

Виршлата претходно обарена се сече на половина, се спојуваат краевите во форма на срце и се зацврстува со чепкалката.

Кога виршлата ќе е во загреаното тавче, внимателно скршете го јајцето во празниот простор на виршлата.

Љубовен појадок

ИДЕЈА 2 – тост од срце

За овој појадок можете да изберете неколку солуции. И тоа слатки и солени

пржени лепчиња
потпечени лепчиња
обичен леб (тазе)
направете со остар нож срце во кришката леб. Или пак друга фигура зависи од намената.

Подгответе го лебот онака како што сакате ( пржен или потпечен. Едната солуција е внатре да скршите јајце ( може и матено или на око) другата солуција е да го наполните со мармалад или со она што вам ви е повкусно.

Не ги фрлајте отстранетите делови од лебот.

Доколку сте успеале да извадите совршено срценце зачувајте го ќе ви послужи за декорација.

Љубовен појадок

ИДЕЈА 3 – варено јајце – срце

Доколку сепак не сакате јајаца на око или кајгана и повеќе милувате варено јајце и за тоа има ,,љубовна,, варијанта.

Веднаш штом ќе се свари јајцето излупете и додека е топло во лист хартија ( превиткан како на фотографијата)

ставете го јајцето и одозгора притиснете со молив, стапче за ражнич или слично. Краевите зацврстете ги со ластиче. Додека да се излади јајцето а вие да го подготвите останатиот дел од појадокот јајцето ќе добие форма на срце.

Љубовен појадок