На Велики четврток се фарбаат велигденските јајца, а главното прашање кое се поставува е што се прави со првото јајце од минатата година кое домаќинките го чуваат.
Првото јајце се чува додека не се офарба ново прво јајце, и важи за чувар на куќата.
Старото јајце се фрла во река за да го однесе сето зло од дома.
Ако нема река во близина се фрла што подалеку од домот.