Кафе и сол за поголеми усни, лимон против пеги, а квасец за акни.
Маската од кокос длабински ја обновува косата, масажата со витамин Ц ги подмладува градите, а од подочниците природно можете да се ослободите со помош на краставица и вреќичка зелен чај.
Во кафето наместо шеќер и млеко додадете малку цимет кој го забрзува метаболизмот и топењето на мастите, па за неколку денови ќе можете да ги облечете вашите омилени фармерки, советува др. Ендрју Ордон.
Иако веќе 30 години се занимава со естетската хирургија, др. Ордон истакнува дека здравиот живот се темели на убавиот изглед и дека малите чекори водат до големи резултати.
Грицките заменете ги со банана, а ако сте љубител на колачиња, не морате да се откажете од нив, само отстранете го шлагот и глазурата и немојте да ги јадете навечер.
Килограмите бргу се губат и со помош на мобилниот телефон – пред секој оброк на најдобрата пријателка испратете и смс со намера што ќе јадете.
А, природните еликсири можете да ги подготвите дома. Освен „пеглање“ на брчките без ботокс и отстранување на пегите со лимон, за само 7 дена можете да го стопите и целулитот.
Наместо скапи производи купете кутија морски алги во прав. Помешајте малку од правот со маслиново масло, вода и масло од лаванда и ќе добиете делотворна крема против целулит. Нанесувајте ја секоја вечер, оставете ја да делува барем половина час и целулитот видно ќе го снема.
Маска од авокадо и мед како фејслифтинг
Состојки:3 лажици свежо млеко, ¼ авокадо и лажица мед
Подготовка: во блендер помешајте ги состојките. Нанесете хидратантна маска на кожата и оставете ја да делува најмалку еден час, па измијте ја со топла вода. Маската ќе му помогне на вашето лице да ја задржи влагата и да ги пополни ситните брчки – кожата повторно ќе биде мазна и видно подмладена.
Овошен појадок против UV зраците и брчки
Состојки: по половина шољичка боровници, јагоди, семки од шипка и свежо исцеден сок од портокал, излупено и исечкано киви, рака сецкани ореви.
Подготовка: помешајте ги боровниците, јагодите, кивите и шипката, прелијте ги со сокот од портокал па потоа додајте ги орасите. Овошната салата изобилува со антиоксиданси кои ја штитат кожата од сонце и ја поттикнуваат цир кулацијата.
Гел од квасец за сушење на акните и чисто лице
Состојки: пивски квасец, малку свеж исцеден лимонов сок, вода
Подготовка: Од пивскиот квасец, кој е одличен борец против бактериите, направете паста, исцедете еден лимон, кој ги суши акните, и додајте малку вода. Нанесете ја свежо направената смеса точно на акните, местото прекријте го со фластер и оставете го гелот да делува 10 минути.
До рамен стомак со кафеав ориз
Витки бутови и рамен стомак е сон на секоја жена, но естрогенот на овие критични точки ја таложи маснотијата. Спрелете го ова со промена на исхраната. На вашето мени додадете го кафеавиот ориз, свежиот зеленчук и овошје, како и намирниците богати со протеини. Избегнувајте ги тестенините и пченката. Кавјото и соиното млеко заменете го со оризово или кокосово и секако редовно вежбајте. За здрав живот важен е и квалитетниот сон, па затоа по 18 часот не пијте ништо што содржи кофеин. Кога ќе си легнете во кревет, заборавете на мобилниот телефон, видео игрите и телевизорот, затоа што креветот е за спиење. Мирисот на лаванда, камилица и липа ќе ви помогнат побрзо да заспиете. Спијте во замрачена просторија, а секој ден, и за време на викендот станувајте во исто време. А, освен здравиот живот, кој е клучен за убавина, вашата кожа ќе ја подмладите за неколку години и без да легнете под нож. Сите потребни состојки за подготовка на третманите со кои ќе се ослободите од ситните недостатоци, од акните до пегите, веќе ги имате во кујната, па куќниот бјути центар е „нежен“ и за вашиопт буџет.
Брзо и темелно против подочниците
Состојки: две подебели парчиња краставица, две вреќички зелен чај
Подготовка: Изладените парчиња краставици ќе ви го освежат лицето за 10 минути. За долготрајно бришење на подочниците на очите можете да ставите изладени вреќички зелен чај.
Длабински регенератор
Состојки: ½ шоља мајонез, лажица кокосово масло, лажица екстракт од кокос
Подготовка: Маската нанесете ја на косата па замотајте ја главата со пластична фолија. Оставете ја да делува 20-30 минути и добро измијте ја косата. Повторете го третманот еднаш неделно и вашата коса ќе биде сјајна и хидратизирана.
Тоник од босилок за чистење лице
Босилокот е одличен антисептик, ги победува бактериите кои предизвикуваат акни. Сомелете три лажици сушени чивчиња босилок и додајте ги во шоља вода што врие. Изладете, изцедете па течноста ставете ја во шишенце со пумпа. Испрскајте се со тоникот на кожата и со вата размачкајте го по лицето. Повторете го ова секој ден пред чистење на лицето.
Пилинг за усни од кафе и сол
Усните ќе изгледаат полни и свежи откако ќе се ослободите од слој изумрена и сува кожа. Во една чинија измешајте ½ лажици хидратантен лосион, ¼ лажица свежо мелено кафе и ¼ лажица сол. Смесата нанесете ја на усните и масирајте 5 минути, а потоа избришете ги усните со пешкир натопен во топла вода.
Секојдневно масирање за бујно деколте
Кожата на деколтето е особено осетлива, не премногу еластична и потенка од кожата на лицето, па затоа годините на истата многу бргу оставаат трага. Повеќе пати во денот нешно и полека на ова подрачје нанесете хидратантна крема со додаток на витамин Ц.