Традиционална прослава на св.Трифун во Кавадарци

И оваа година, општина Кавадарци ја продолжува традицијата на одбележување на празникот св.Трифун.

На св.Трифун лозарите ги закројуваат лозите и ги залеваат со црвено вино посакувајќи си плодна и бериќетна година.

На самиот ден, 14ти февруари се дава акцент на закројувањето на виновата лоза и отпочнување на лозарските работи, а со тоа и зачувување на традициите и обичаите типични за тиквешкиот лозаро-вински регион.

Оваа година прославата на св.Трифун ќе трае два дена.