Задача за основци кои не знаат да ја решат ниту родителите: Можете ли вие?

Неодамна на интернет се појави математичка задача која ја решаваат деца од Сингапур, која добро ги изнамачи и возрасните луѓе.

Сега на интернет кружи уште потешка задача.

Учениците од трето одделение од едно основно училиште од градот Бао Лок во Виетнам добиле математичка задача која ниту нивните учители не успеваат да ја решат.

Задачата е прикажана на цртежот. Во празните полиња потребно е да се упишат броеви од 1 до 9, за равенката да има смисла, а притоа треба да се внимава и на математичките операции: собирање, одземање, множење и делење.

Иако на прв поглед задачата изгледа едноставно, многумина кои се обиделе да ја решат, наишле на потешкотии.

„Оваа задача е тешка дури и за постарите кои се добри во математика, а не па за ученици од трето одделение. Задачата им ја пратив на некои кои имаат докторат од економија и математика, но сеуште не ми одговориле“, изјавил виетнамскиот учител Тран Фуонг за VN Express.

hitportal-zadaca

 

Решение на задачата понуди „Гардијан“, па ако сами сакате да ја решите тогаш не читајте понатаму.

За да ја решите равенката, прво во една линија напишете a + (13b/c) + d + 12e – f – 11 + (gh/i)– 10 = 66. Се обидуваме да ги пронајдеме a, b, c, d, e, f, g, h, i, за кои знаеме дека се броеви од 1 до 9. Вкупно, можни се 362.880 комбинации на броеви. Прво можеме да ја уредиме равенката: a + (13b/c) + d + 12e – f +(gh/i) = 66 + 11 + 10 = 87, odnosno a + d – f + (13b/c) + 12e +(gh/i) = 87.

Можеме да претпоставиме дека b/c и gh/i се цели броеви, односно дека не сакаме 13b/c да е преголем број. Затоа, најдобро е b и c да бидат најмали броеви, односно 2 и 1. Тоа не носи до: a + d – f + 26 + 12e +(gh/i) = 87, односно a + d – f + 12e +(gh/i) = 61.

Ни остануваат проевите од 3 до 9, меѓу кои се и простите броеви 3, 5 и 7. Ако a=3, d=5 и f=7, доаѓаме до 3 + 5 – 7 + 12e +(gh/i) = 61, односно 12e +(gh/i) = 60. Ни преостануваат 4, 6, 8, 9. Ако претпоставиме дека e = 4, g = 9, h = 8, i = 6, ќе добиеме 48 + (72/6) = 48 +12 = 60.