10 хобија кои помагаат да се ослободите од стресот

Веруваме веќе знаете дека јогата не е ни малку лесна. Наспроти врежаното мислење дека “секој го може тоа”, верувајте дека не е така, особено ако сте почетник.

Но, факт е дека јогата не е единствена активност која помага за ослободување од стресот. Ова се нашите десет предлози:

1. Пишување

Водењето на дневник научно е докажано дека го намалува стресот и депресијата и помага да се разјаснат мислите и чувствата.

2. Градинарство

Ова е идеално време да почнеш да се занимаваш со градинарство, кое не само што влијае позитивно на твоето расположение, туку и те снабдува со храна, лековити билки и прекрасни цвеќиња.

3. Слушање на музика

Музиката има смирувачки ефект, а само 30 минути од омилените ѕвуци дневно, помагаат за намалување на крвниот притисок, го успорува чукањето на срцето и го намалува стресот.

4. Читање

Само 6 минути читање дневно е доволно за намалување на стресот, покажа истражувањето од Универзитетот Сусекс, но и за ублажување на напнатоста во мускулите.

5. Плетење

Време е да се ослободиме од стереотипите дека плетењето е само за баби. Имено, плетењето има еднакво влијание како и медитацијата, а покрај тоа ќе имаш и многу удобни чорапи, капи, шалови…

6. Танцување

Покрај тоа што ќе го раздвижиш целото свое тело, после овие активности ќе се чувствуваш посреќно и посмирено. Се брои и она по дома, во соба или во купатило, додека се подготвуваш за излегување.

7. Пешачење

Под стрес си? Прошетај си и така ќе се ослободиш од негативните мисли.

8. Боење

Иако можеби мислиш дека е шега, боенките за возрасни стануваат сѐ поголем хит, токму поради тоа што оваа активност докажано ја намалува анкциозноста и загриженоста.

9. Готвење

Ако плетењето не е за тебе, фати се за книгите за готвење и пробај некој рецепт. Со тоа ќе се ослободиш од стресот. Покрај тоа, повикај ги пријателките и подготви женска вечер.

10. Домашен миленик

Ако имаш можност за домашен миленик докажано е дека тие не прават посреќни, но и поодговорни и подруштвени. Може ли подобро од тоа?