10 начини како да го искористите кафето до максимум

Една од најпознатите сорти на кафе, арабика, за помалку од половина век може да исчезне, тврдат експертите.

Оваа вест вознемири многу љубители на кафето, но даде и причина повеќе да го искористите на 10 генијални начини.

1. Непријатниот мирис на рацетете од кромидот многу лесно може да се изгуби доколку ги намокрите со топла вода и протриете неколку зрнца мелено кафе.

Кафето совршено ги неутрализира мирисите од кожата.

2. Тврдокорите дамки од маснотијата на површината на тавата можете да ги отстраните со кафе. На сува површина ставете малку кафе и почнете да триете само неколку минути.

3. Мирисот и текстурата на кафето се вистински непријатели на инсекситите.

Доволно е мала количина да ставите на краевите на ѕидот онаму каде е омиленото место на мравките. За само неколку минути ќе исчезнат од вашата околина.

4. Доколку дрвениот мебел во вашиот дом е оштетен, можете сами да го исполирате.

Измешајте неколку лажички мелено кафе со вода за да настане густа смеса, која потоа со нож ќе ја  размачкате на пукнатините.

Вишокот кафе избришете го со крпа, а мебелот премачкајте го со восок.

5. Мала чинија со кафе ставете на полицата во кујната. Зрнцата кафе ќе ги апсорбираат мирисите од готвењето.

6. Идеално ѓубриво за растенија кои сакаат кисела почва е кафето. Азотот кој се ослободува на влажната подлога на земјата, ќе ги потикне вашите растенија да растат.

7. Доколку во вашиот дом или викендичка имате камин, тогаш сте свесни колку пепелот го загадува воздухот.

Прашината и пепелот во овој случај покријте ги со талогот од свареното кафе и тој ќе ги задржи честичките на едно место.

8. Доколку вашето милениче врши нужда помеѓу засаденото овошје или зеленчук тогаш зезнете го и во земјата ставете мешавина од кафе и сомелена кора од портокал.

9. Непријатниот мирис од стапалата е еден од најголемите проблеми во топлите месеци.

Миризбата неутрализирајте ја со свежо мелено кафе кое ќе го ставите во чевлите. Кафето ќе ја впие целата миризба.

10. Кофеинот е состојка која ја содржат сите креми за целулит и подобрување на циркулацијата, а ќе ја најдете во кафето.

Топлото кафе помешајте го со кокосово масло и намачкајте го на критичните места и оставете да делува неколку минути.