105-годишен дедо е вистинска модна икона

Чувството за естетика или го имаш или не а искуството низ годините може само да придонесе дополнително за видливоста на вашиот индивидуален имиџ и неговата автентичност.

Вистински пример за тоа е 105-годишниот Германец, Гунтер Крабенхолф кој важи за еден од највпечатливите ликови низ улиците на Берлин, токму поради неговиот имиџ на бескомпромисен фраер, за кого годините не играат никаква улога.

dedo 1

Многу често ќе го сретнете низ фото галериите од берлинската улична мода, секогаш перфектно среден од глава до пети, со внимателно одбрани детали и комбинации на бои.

dedo 3

dedo 5

Но, она што е особено фасцинантно, е неговиот став и младешки дух.

„Сметам дека се облекувам нормално. Секогаш сум се облекувал вака. Кога одев на работа, кога одам на вежбање… Сакам да се гледам себеси со задоволство. Тоа е секогаш рефлексија на моето внатрешно „јас”, вели Крабенхолф.

Да се огледаме на него!

dedo 4

dedo 6