Фановите на „Титаник“ со години дебатираат за тоа дали Џек можеше да преживее по потонувањето на бродот.
Наводно, на вратата на која се спаси Роуз, имало доволно место и за Џек, докажа и славната емисија „Mythbusters“.
Но, зошто тоа не се случило, конечно открива режисерот на филмот, Џејмс Камерун.
Тој после дваесет години ќе каже:
„Одговорот е едноставен. На 147-та страна од сценариото пишува дека Џек умира. Таков беше изборот на сценаристот, па на вратата имаше место само за неа, не и за него. Ова докажува колку публиката лично си ја сфатила смртта на Џек. Ако преживееше, крајот на филмот ќе немаше смисла“.