Дали сте знаеле дека најголемата новогодишна елка била висока 67 метри?
Научниците веруваат дека ирвасот Рудолф има инфекција, а вие?
Овие и многу други „непознаници“, навираат со наближувањето на празничните денови.
И додека се уште не ве фатила празничната еуфорија објавуваме неколку интересни работи, кои би можеле за момент да ве пренесат во распеаната неодолива новогодишна атмосфера.
1. Норвешките научници изнесоа хипотеза дека помошникот на Дедо Мраз – ирвасот Рудолф – има хронично црвен нос поради паразитска инфекција на респираторниот систем.
2. Секоја година во светот во време на празниците по пошта се испраќаат повеќе од седум милијарди честитки, иако денеска се испраќаат повеќе СМС пораки.
3. Германци ја направиле првата вештачка елка – а за тоа користеле пердуви од угинати гуски.
4. Иако имаат машки имиња, ирвасите кои му помагаат на Дедо Мраз многу веројатно е дека се женки, затоа што мажјаците ирваси ги губат роговите пред зимата.
5. Благодарејќи на разните временски зони во светот, Дедо Мраз има точно 31 час да ги достави сите подароци на децата, а според пресметките на научниците, за да се постигне тоа мора да посети по 823 домови во текот на една секунда.
6. Само во САД во просек шест илјади луѓе завршуваат на брза помош, поради повреди настанати при украсувањето на куќите, елките и дворовите за Божик.
7. Според Гинисовата книга на рекорди, најголема новогодишна елка во историјата била висока 67 метри и била поставена во еден трговски центар во Сиетл.
8. Трите традиционални бои за Божик се црвената, зелената и златната. Црвената ја симболизира крвта на Христос, зелената – повторно раѓање, а златната боја богатство и неговото благородничко потекло.
9. Последните денови од декември се најпопуларни за прекинување на љубовни врски. Поголемиот број од оние што ги прекинуваат врските како мотив ги наведуваат фактот што не мора да купуваат подароци и затоа што сакаат да пронајдат нова „забава“ на празничните прослави.
10. Новогодишните елки обично се стари околу 15 години, пред да бидат продадени.
11. Ликот на Дедо Мраз е осмислен врз основа на вистинискиот лик на Свети Никола од Мала Азија, кој живеел во четвртиот век.
12. Песната „White Christmas“ на Ирвинг Берлин се смета за најпродаван сингл на сите времиња.