Во вашот дом често има непријатни мириси кои доаѓаат од кантата за ѓубре, но за ова постојат брзи и евтини решенија кои ќе ги најдете во вашата кујна.
Послужете се со овие трикови и ослободете се од миризбата.
Сода бикарбона
Овој ефтин и магичен бел прав е вашиот најдобар пријател во борба против непријатните мириси.
Намокрете ја кантата и на дното посипете сода бикарбона. Оставете да одстои околу половина час и исплакнете ја со врела вода.
Песок за мачки
Дури и ако немате мачка за домашен миленик, песокот кој се користи за мачките одлично ги упива непријатните мириси од кантата, а оној парфимиран додаток ја освежува просторијата.
Посипете малку песок во кантата и оставете да делува до следното миење на кантата.
Марамчиња за машина за сушење
Овој магичен изум ја освежува облеката која е сушена во машина за сушење алишта, а може да се стави и во фиоката каде ја чувате долната облека, чорапите и пешкирите.
Но, мирисните марамчиња зa машината за сушење прават чуда и со вашата канта за ѓубре.
Откако добро ќе ја измиете кантата, на дното ставете едно миризливо марамче.
Марамчето немора да биде ново затоа што имаат доволно мириз во нив за да ги упијат непријатните мириси и да ја освежат просторијата.