Минатата година беа претставени iPhone SE, iPhone 7 и iPhone 7+, а сега „Apple“ спрема три нови модели.
Еве кои ќе бидат новитети кои Apple ќе ги издаде до крајот на годината:
Нови OLED екрани
Моменталните LCD екрани би требало да бидат заменети со OLED екрани. Тоа неодамна го изјави извршниот директор на „Sharp“.
Закривен екран
Изгледа дека новите модели на iPhone ќе го пратат трендот на закривени екрани.
Нови бои
Новиот iPhone би можел да биде и со црвена боја. Кога се појави iPhone7 беше претставен во 5 нијанси.
Брзо полнење на телефонот
За да стигне некои Андроид уреди кои можат потполно да се наполнат за 90 минути, Apple се обидува да го унапреди својот систем на полнење. Се појави и гласини дека новиот модел ќе може да се полни бежично.