3 опасности кои ги носи мокриот костим за капење

Ако ги прашате докторите што е она што најлесно може да го загрози женското здравје во летните месеци, сите ќе ви одговорат исто – мокриот костим за капење.

Тој може да доведе до следниве инфекции:

1. Воспаление на мочниот меур

Наглите промени на температури како што е излегувањето од климатизиран простор или влегување во ладна вода може да бидат виновници за воспаление на меурот.

А, мокриот костим за капење е студен пред целосно да се исуши.

Зачестеното мокрење е првиот симптом кој ќе го забележите, како и пецкањето.

Докторите препорачуваат да пиете многу течности како би ги исфрлиле бактериите, а топлиот увин чај и свежите овошја и зеленчуци се секогаш добредојдени.

2. Габични инфекции

Инфекциите од овој тип најлесно може да се појават ако се бањате во базен.

Најзагрозени се луѓето кои јадат многу слатко, пијат алкохол и имаат ослабен имунитет бидејќи се често изложени на стрес.

Најчести симптоми се црвенилото и чешањето, а проблемот може да се реши само со соодветна терапија од антибиотици.

3. Воспаление на јајници

Воспалението од овој тип е многу често додека сте на одмор, а симптомите најчесто се болки во долниот дел од стомакот, околу јајниците, како и повишена температура.

Тоа мора да се третира со антибиотици препишани од лекар, а за да го спречите неговото појавување избегнувајте студени пијалаци и одење боси.

Ако сепак се соочите со вакво воспаление додека сте на одмор, стомакот почесто загревајте го и изложувајте го на сонце.

Затоа, следен пат кога вашата мајка ќе ви каже дека треба да го пресоблечете мокриот костим за капење по бањањето, не се смејте, туку направете го тоа.

Исто така за да се заштитите од овие појави препорачливо е да земате многу пробиотици пред одморот и додека сте на одмор.