Секоја мајка го знае моментот кога ќе го облече својот омилен фустан и за само една секунда на него ќе има отпечаток од валканото раче на нејзиното дете.
На ваквите ситуации не се имуни ни членовите на кралското семејство, во овој случај покојната принцеза Дијана.
Новата изложба на нејзините фустани покaжува отпечаток од рацете на принцовите Хари и Вилијам.
Зелениот сомотен фустан Дијана го носела во 1985-та година за време на приватна забава во Кесингтонската палата.
Фустанот со отпечатоците од принцовите се чува многу внимателно, а беше дел од изложбата на нејзините 25 најпознати тоалети.