4 ситници што треба да ги направите кога чувствувате дека ќе се разболите

Сите сигнали се тука: грлото ве гребе, носот тече, почнува да ве боли главата – накратко чувствувате дека ќе се разболите.

Не се предавајте на болеста!

На следните четири превентивни начини може да ја спречите болеста или барем да ги ублажите симптомите.

Направете го ова:

Напијте се цинк

На неколку часа во текот на денот земете по една таблета цинк или цинк Глукант. Цинкот се смета за цар меѓу минералите и успешно се бори против вируси, бактерии и преладување.

Јадете пилешка супа

Топлата супа ќе ги намали симптомите на настинка. Додадете во супата разни зеленчуци со тоа што ќе добиете витаминска бомба која ги победува сите бактерии во организмот.

Задолжително витамин Ц

Овој витамин треба да ви биде прв при рака, продолжете да го земате се додека симптомите не престанат. Возрасни личности во просек треба да внесат 1 грам витамин Ц дневно. Исто така тука мора да бидат и природно цедените сокови од лимон, цитрон, портокал.

Спијте повеќе

Во текот на спиењето имунолошкиот систем испушта протеини кои се борат против инфекции. Освен тоа, што повеќе сте одморени, толку полесно телото ги поднесува вирисите. Пробајте да спиете цели осум часа дневно.