Беа потребни речиси 40 години, Кери Фишер односно принцезата Леа од „Војна на ѕвездите“ да открие дека во текот на снимањето на „Војна на Ѕвездите“, имала афера со Харисон Форд, односно со Хан Сол.
Тие двајца се забавувале во 1976 година во Лондон, кога Кери имала 19 години, а Харисон 34 и сопруга.
Кери се надевала дека поради неа ќе се разведе, но тоа, сепак, не се случило. Нивната афера траела три месеци.
„Беа Хан и Леа преку неделата, а Харисон и Кери преку викенд. Гледав во него, херојската фаца со неколку прамени коса кои му паѓаа преку неговото чело… Како само можев и да сонувам дека тој извонреден човечки примерок ќе се загледа во некој како мене“, напишала Кери.