Според проценките на научниците кои ја открија ајкулата, нејзината возраст е проценета на најмалку 392 години.
Пронајдена е во водите на Арктичкиот океан и можно е таа да е најстариот познат жив ’рбетник на планетава.
Според мерењата и испитувањата на истражувачите, се проценува дека ајкулата може да е родена уште во 1505 година.
Овој вид на ајкули живеат на температури пониски од -1 Целзиусов степен, а можат да пливаат и до длабочини од 7.200 метри и да достигнат тежина од еден тон.
Ајкулата е долга 5 метри, а кога ќе се знае фактот дека овој вид на ајкули во просек расте со стапка од 1 сантиметар годишно, се добива импресивна старосна рамка на овој жив примерок.
Оваа ајкула е најстариот примерок од вкупно 28-те гренландски ајкули кои се анализираат. Овој вид на ајкули имаат животен век од 400 години.
Не е сосема јасно зошто гренландските ајкули живеат толку долго. Научниците тврдат дека причината може да се крие во нивните гени, или тоа може да биде поради фактот дека тие живеат на релативно ниски температури и имаат бавен метаболизам.
Сега, кога ги пронајдовме овие величествени суштества, наша обврска и одговорност е да ги зачуваме овие животни за идните генерации.