5 тренди начини да носите ролка оваа зима

Можете да ја носите со кошула, тенка јакна, но и како главно парче облека – РОЛКАТА е идеална за овој период од годината.

КЛАСИЧНА РОЛКА

Како изгледа: Tенка, лесна, тесна, ролка која го покрива цел врат и се превиткува на половина.

Како да ја носите: Носете ја како основа под јакна или голем џемпер за да ви биде потопло.

Одлично оди со фустан без ракави, па летните фустани можете да ги носите и оваа есен/зима.

Од јакни најдобро е да ја комбинирате со кожна јакна, но можете и со пончо кое ќе допринесе за вашиот опуштен изглед.

XXL РОЛКА

Како изгледа: Најчесто плетена, изгледа неколку броја поголема, а е најудобната ролка.

Како да ја носите: За одличен баланс одберете тесни фармерки или хеланки, длабоко чизми или гумени – идеални за дождливи денови.

Ако ви е предолга можете да ја носите како туника со високи чизми.

РОЛКА БЕЗ РАКАВИ

Како изгледа: Логично – без ракави и тесна.

Како да ја носите: Бидејќи е без ракави идеална е за комбинирање со тенки блузи или фустани со долги ракави.

За интересен изглед ставете брош на вратот.

РОЛКА КОЈА СЕ ВИТКА

Како изгледа: Ролка која е преголема и може да ја свиткате неколку пати околу вратот.

Како да ја носите: Овие ролку се тренди, а одлично оди со фармерки. Бидејќи ролката е голема може да ја носите над јакна и да биде вистински моден погодок.

ПЛИТКА РОЛКА

Како изгледа: Ова е за оние кои несакаат класична должина на ролка. Оди до средина на вратот и е опуштена.

Како да ја носите: За попривлечен изглед ставете обекти кои висат. Инаку оваа ролка одговара со сите типови на облека.

Ако ја носите со палто ќе добиете софистициран изглед на работа.