Модерните истражувања се занимаваат со сите теми од опшествено значење.
Експертите по стоти пат решија да истражуваат на тема среќа.
Овој пат тие се решија најдобрите совети да ги селектираат од останатите.
1. Трошење пари на други луѓе наместо на себе
Барем вака вели истражувањето кое докажува дека луѓето се посреќни кога подаруваат отколку кога купуваат за себе, без разлика колку заработуваат.
2. Размислувате за работите кои ви се случиле
Докажано е дека луѓето кои секоја вечер на еден лист пишуваат три добри работи кои тој ден им се случиле се многу посреќни.
3. Испробајте нешто ново
Луѓето кои се решиле на авантура и често ги менуваат рутините се многу посреќни. Пробувајте нови работи кои ќе ви го променат секојдневието.
4. Бидете опкружени од сина боја
Истражувачите докажуваат дека сината боја позитивно влијае на самодовербата и намалувањето на стресот, а со тоа расте и среќата.
5. Поставете цели
Психолозите тврдат дека луѓето кои имаат поставено цели, се посреќни од останатите.
Истражувањата покажуваат дека исполнувањето на целите ги „уништуваат“ негативните емоции.
6. Спијте најмалку 6 часа
Луѓето кои спијат 6 часа и 15 минути се најсреќни!
7.Погрижете се да имате најмалку 10 пријатели
Во истражувањата се вели дека луѓето кои имаат 10 и повеќе добри пријатели, се многу посреќни.