70 години во брак: Ова е тајната на кралицата Елизабета и принцот Филип

Една од тајните на нивниот долг брак е тоа што Филип секогаш сметал дека неговата главна должност е да ја подржува кралицата и да биде во нејзина сенка.

Кралицата Елизабета II и нејзиниот 96-годишен сопруг денес слават 70-годишнина од стапување во брак!

Парот се венчал во 1947-ма година во Вестминстерската палата. Јубилејната годишнина ќе ја прослават во кругот на семејството, а јавно славење нема да има.