Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал очекуваат близнаци, соопштија италијанските медиуми.
Актерот кој отсекогаш за себе велеше дека никогаш нема да се оствари како родител, попушти пред инсистирањето на Амал дека треба да имаат деца и дека таа сака да се оствари како мајка.
Клуни, со години ги напушташе своите партнерки кога тие ќе ги споменеа зборовите „брак“ и „деца“.
Неговиот став кон бракот се смени кога ја запозна Амал, ценет адвокат и жена со свој став, единствената која успеа да го одведе пред олтар.
Според многумина, Амал била совршена за него, а свадбата ја направија пред две години.