Фановите бесни: Роби Вилијамс си ги дезинфицираше рацете откако се поздрави со публиката (видео)

Еден од омилените британски поп-пејачи, Роби Вилијамс, на дочекот на Новата година одржа концерт во салата Централ хол во Вестминстер.

Роби на публиката веднаш ѝ рекол дека однапред го предупредиле и му забраниле прости зборови и пцовки кои се обврзал да ги избегне. Секако, тешко му било да ги избегне кога се составен дел од песните па на изведбата на „Come Undone“ публиката ги превземала и ги испеала сите пцовки наместо него.

Ѕвездата без проблем воспоставила контакт со публиката, а тогаш на песната „Auld Lang Syne“ Роби се спуштил меѓу обожавателите, кратко со нив запеал и танцувал, а со многумина се ракувал и поздравувал, пишува „Инди 100“.

Меѓутоа, веднаш потоа се вратил на сцената и земал гел за дезинфекција на рацете и притоа направил толку гадлив израз на лицето така што обожавателите се шокирале и згрозиле од него и веднаш почнале со негативните коментари на социјалните мрежи.