Џенет Џексон вчера го роди своето прво дете.
50-годишната пејачката на свет донесе момче кое доби необично уникатно име, Еиса.
„Џенет Џексон и нејзиниот сопруг Висам ал Мана го пречекаа со возбуда на виделина синот Еиса ал Мана”, изјави извор близок до Џенет и додаде дека породувањето поминало беспрекорно.
Ова е прво дете за пејачката и бизнисменот од Катар, Висам ал Мана, кои стапија во брак во 2012 година.