Состојки:
2-3 домати
1 главица кромид
1 марула или 2 китки рукола
10-ина маслинки
200 гр сирење (фета, моцарела…)
1 јајце
3-4 лажици лебни трошки
сол
масло
Подготовка:
Сирењето се сече на коцки, се валка во изматено јајце и во лебните трошки и кратко се пржи на загреано масло – додека коцките не добијат убава златно-жолта боја.
Зеленчукот се мие и се сечка и се става во сад за салата. Се зачинува со масло Кристал, се посолува и внимателно се меша. Врз готовата салата се редат коцките похувано сирење и маслинките. Салатата може да се јаде во ладно-топла комбинација или кога е сосема изладена.