Мајли Сајрус и Лиам Хемсфорд изгледаат посреќни од било кога, а нивната врска сакаат да ја надополнат со принова.
Парот веќе неколку месеци сериозно зборува за посвојување на дете и создавање семејство.
Мајли и Лиам сакаат да посвојат дете од Хаити каде пејачката во 2011 беше два пати како дел од програмата за помош на децата болни од ХИВ и сида.
Според извори блиски до двојката, тие веќе ги подготвиле потребните документи за посвојување.