Оскаровецот Џејми Фокс бил на опуштена вечера со пријателите која се претворила во нешто сосема спротивно.
До нивната маса дошол маж кој почнал да се жали дека актерот и неговите пријатели се прегласни и дошло до караница.
„Не сакаш да имаш работа со мене, јас сум од Њујорк“, рекол мажот по што пријателот на Фокс почнал да пцуе.
Сведоците тврдат дека напаѓачот и неговите пријатели биле избркани од ресторанот.