Елтон Џон и Мараја Кери заработија неколку милиони фунти за само една вечер.
Ѕвездите пееја на венчавката на 19-годишната Ирена Коган, внуката на рускиот бизнисмен Валериј Коган.
Свадбата била организирана во еден од најексклузивните хотели во Лондон, во кој претседателскиот апартман чини 1.500 фунти за ноќ.
Мараја Кери за настапот на свадбата заработила 2,5 милиони фунти, а гостите ги забавувал и британскиот музичар Елтон Џон, чијшто хонорар не бил помал од милион фунти.
Тој успеал и да ја расплаче невестата кога и ја посветил песната „Tiny Dancer“. На свадбената церемонија бил ангажиран и популарниот диџеј Марк Ронсон.
Меѓу познатите гости бил и шпанскиот актер Антонио Бандерас, кој држел говор, како и голем број јавни личности од Русија.
Свадбената торта била висока три метри, а вечерата се состоела од девет јадења.
Дедото на невестата, Русин со еврејско потекло, има 65 години и е еден од најбогатите луѓе во Русија. Неговото богатство се проценува на околу две милијарди долари.