Десетина имиња на актери се споменуваа за улогата на најпознатиот таен агент 007, но се уште ништо не е потврдено.
Том Харди се споменува како еден од кандидатите за улогата на Џејмс Бонд во следниот филм, заедно со Идрис Елба, Том Хиделстон и Џејмс Нортон.
Од „Дејли бист“ го прашаа актерот колку во гласините околу филмот за британскиот секси шпион има вистина.
„Знаете, меѓу нас актерите, но и меѓу моите пријатели кружи гласина дека ако зборуваш за тоа, тогаш испаѓаш од трка. Така што, не можам ништо да ви кажам. Ако нешто споменам, излегувам“, одговорил Харди.