Актерката Бети Вајт својот 95 роденден го прослави на снимање на серијата „Млади и гладни“, а нејзините колеги истакнаа дека вечерта отишла на забава со најблиските пријатели.
„Зошто би престанала да работам? Нема да запрам се додека телото ме служи! Најдобро од се е што 95. роденден го дочекав работејќи“, посочи Вајт.
Таа пред четири години влезе во Гинисовата книга на рекорди како актерка со најдолга кариера.
Актерката работи веќе 77 години и според нејзините намера за сега не планира да престане.