Состојки:
1/2 коцка квасец
1дл млако млеко
1 лажиче шеќер
1/2 дл масло
1кг наменско брашно
1 јајце
30гр сол
3 дл кисела вода
Фил:
200гр шунка
400гр кисела павлака
400гр кашкавал
200гр бело сирење
200гр кечап,
сенф,
оригано или босилек
Подготовка:
Измешајте го квасецот во млекото и додадете едно лажиче шеќер. На побрашнета површина ставете брашно и сол и направете вдлабнатинка па додадете го млекото со квасецот.
Промешајте, па додадете го јајцето, маслото и киселата вода. Замесете тесто, ниту меко, ниту тврдо. Измесеното тесто ставете го во поголема кеса, подмачкана од внатрешната страна (за да не се залепи) и оставете го на собна температура се додека не достигне три пати поголем волумен. Тогаш поделете го на три дела , премесете го уште еднаш секој дел и развлечете го со димензии 15×25см. На средината ставете две парчиња шунка, па врз шунката павлака, па рендан кашакавал и рендано сирење. Додадете кечап, сенф, рен и зачини по желба. Поклопете го тестото по долгата страна, потоа споете го со краевите и поклопете го од другата страна. Врз пирошката изрендајте кашакавал и ставете малку кечап. Печете на 200 степени околу 15 минути.