Џери Халивел Хорнер, поранешна членка на групата „Спајс грлс“ на свет донесе машко дете во петтата деценија од животот.
44-годишната пејачка веста ја сподели со обожавателите на Инстаграм и на Твитер, истакнувајќи дека тоа бил чудесен ден.
Детето се вика Монтаги Џорџ Хектор Хорнер и ова и е прво дете на Џери со сопругот Кристијан Хорнер.

