Стана татко по 9-ти пат: Мел Гибсон доби син на 61 година

Актерот и режисер Мел Гибсон со својата девојка Розалинд Рос која има само 26 години доби син.

Бебето го доби името Ларс Џерард Гибсон, а неименуван извор за магазинот „Пипл“ рекол дека Гибосн е „надвор од себе од среќа“.

– Воодушевени се, а Ларс е многу сладок. Опружени се со семејствата. Мел е пресреќан. Дома се и сите се здрави и среќни – рекол извор за „Пипл“.

 мел гибсон со сопругата

Гибсон веќе има седум деца со поранешната сопруга Робин Мур и една ќерка со поранешната девојка Оксана Григориева.

На Гибсон ова му е деветто дете, а на неговата избраничка прво.

 мел гибсон со сопругата