Актерот Шија Лабаф е уапсен во Њујорк бидејќи неговиот протест против Доналд Трамп станал насилен.
Според медиумските извештаи, Шија организирал протест против претседателот на САД, што бил пренесуван во живо на интернет.
Во еден момент околу актерот и неговата група се собрале поддржувачи на Трамп, при што дошло до туркање,а еден од „противниците“ дошол до камерата и почнал да дофрла, заради што Лабаф дошол во судир со него, односно го зграпчил за јакната и го исфрлил од кадар.
Полицијата го уапсила, но актерот успеал да се врати и да се обрати во камера замолувајќи ги луѓето да бидат фини, зашто тоа е единствениот услов за лајв-стрим.