Ќерката на Трамп, Иванка Трамп на својот профил на Инстаграм објави видео на кое нејзиниот десетмесечен син Теодор лази во Белата куќа.
Освен што со сопругот му помагала на Доналд Трамп во Белата куќа, странските медиуми често пишувале дека Иванка потполно ќе ја засени Меланија и ќе биде прва дама.
Иако Иванка со Џаред Кушнер од луксузниот стан во Њујорк се доселила во нова куќа во Вашингтон, се чини дека помила ѝ е Белата куќа.
Токму таму настанала снимката на која се гледа како нејзиното најмладо дете, синот Теодор, првпат почналo да ползи.
„Толку пресвртници доживеавме овој викенд, вклучувaјќи една на малечкиот Теодор кога почна да ползи во Белата куќа“, напишала Иванка за видеото.