Дејвид и Викторија Бекам по 18-години во брак ги обновија брачните завети.
Церемонија се одржала во нивниот дом, на која присуствувале само шест лица, односно најтесниот круг на семејството.
Дејвид и Викторија имаат четири деца и досега немале кризи во бракот, но поранешниот фудбалер е категоричен дека уште многу се сакаат.
„Се разбира дека човек прави грешки, сите знаеме дека бракот е тешко нешто на моменти. Прашањето е проблемите да се надминат. Кога имаме тешкотии, ние разговараме, бидејќи се познаваме подобро од било кој друг“, рече Бекам.
Дејвид и Викторија Бекам се венчаа на раскошна церемонија во 1999 година.