Пред банкрот: Џони Деп трошел по 2 милиони долари месечно

Холивудскиот актер Џони Деп се соочува со сериозни финансиски проблеми бидејќи трошел по 2 милиони долари месечно.

Од компанијата која што му ги менаџира финансиите тврдат дека Деп потрошил повеќе од 75 милиони долари на 14 куќи и 3 милиони долари фрлајќи ги пепелта од посмртните останки од авторот Хантер Томпсон.

Џони Деп ја тужи компанијата за лошо менаџирање на неговите финансии и бара 25 милиони долари, а тие му возвратија со контра-тужба.

Во тужбата стои дека глумецот потрошил 18 милиони долари на 45 метарска јахта, 300.000 долари месечно за плати за персонал од 40 луѓе и 200.000 долари месечно на приватни авиони.

џони деп

Ѕвездата исто така трошела и 150.000 долари месечно на обезбедување, како и 30.000 долари месечно на вино.

Џони Деп бил сопственик на 12 магацини за да ги смести сувенирите од неговите филмови од Холивуд.

Според првичната тужба на Џони Деп против смедководствената компанија тој смета дека тие му должат 25 милиони долари и дека не му поднесле даночна пријава на време за што платил уште 5,7 милиони долари казна.

џони деп