Во медиумите се пишуваше дека склоноста на Бред Пит кон пороците предизвикала крај на бракот со Анџелина Џоли, но славниот актер сега решил да направи пресврт во својот живот и да оди на лекување.
Бред Пит наводно претерувал со консумирањето на алкохол, марихуана и таблети, поради што Анџелина и го оставила.
„Нејшенел еквајер“ пишува дека славниот актер потрошил 15.000 долари на петдневно лекување во приватна клиника во Калифорнија.
Бред бара заедничко старателство над нивните деца, и е убеден дека судијата тоа и ќе му го одобри.