Го продал својот истетовиран грб на колекционер

Тим Штајнер го продал својот истетовиран грб на германски колекционер на уметност.

Во договорот е предвидено откако ќе умре кожата од грбот да му биде отстранета и да биде урамена, а до тогаш ќе седи во галеријата и ќе ја покажува својата тетоважа.

На неговиот грб е нацртана Девицата Марија, а автор е белгискиот тату мајстор Вим Делвој.

 тетоважа

Делвој на грбот на Штајнер работел 40 часа, а делото кое го носи името ТИМ е продадено за 150.000 евра на Рики Рајнк во 2008-та година.

„Мојата кожа му припаѓа на Рики. Мојот грб е платно,а јас сум само привремена рамка“, изјавил Тим.

Освен обврската после смртта, во договорот е предвидено и Штајнер да биде изложен во галерија најмалку 3 пати во годината.

 тетоважа