И Анџелина Џоли со критика до Доналд Трамп

Актерката Анџелина Џоли проговори за контроверзната забрана за влез на бегалци во САД.

Таа му порача на актуелниот претседател дека САД би требало да делуваат со факти, а не со страв.

„Бегалците се мажи, жени и деца сред бури од војна. Далеку се од терористи. Тие најчесто се всушност жртви на тероризам“, напишала Џоли во јавното обраќање, објавено во „Њујорк Тајмс“.

Актерката е позната по нејзините хуманитарни акции наменети токму за оваа група на луѓе и често велела дека е горда што живее во држава што ги отвора вратите на оние кои имаат потреба да влезат внатре.

476065131JL458_86th_Annual_
476065131JL458_86th_Annual_