Анџелина Џоли барала алиментација од 100.000 долари месечно

Холивудската актерка Анџелина Џоли, која се уште се бори за целосно старателство над шестте деца со Бред Пит, наводно има неверојатни барања за актерот и неговиот адвокатски тим.

Неименуван извор тврди дека 41-годишната Анџелина Џоли барала алиментација од 100.000 долари месечно.

Според информацијата, Бред Пит пак, кој бара заедничко старателство над децата, немал проблем да се грижи за потребите на децата, но претпочитал парите за нив да останат на сметка, наместо да дозволи Џоли да има контрола над нив преку алиментација.

анџелина џоли и бред пит

Актерката Анџелина Џоли има богатство во вредност од 160 милиони долари, додека пак 53-годишниот Бред Пит, 240 милиони долари.

Енџи сака разводот да се финализира во следните 90 дена, вклучително и за старателството над децата и имотот.

анџелина џоли и бред пит