Џастин Бибер сними реклама со „YouTube“ ѕвездата Пико Каро (видео)

Познатиот американски пејач Џастин Бибер сними реклама за една јапонска телекомуникациска компанија заедно со YouTube ѕвездата, Пико Таро, кој се прослави со чудниот хит „Pen-Pineapple-Apple-Pen“.

Рекламата сеуште не е официјално промовирана, но на интернет се појавија записи од нејзиното снимање, каде Бибер се појавува облечен во јапонска народна носија во едно училиште во Јапонија.

Тој во училница во училиштето го среќава Пико Таро со кој заедно држат предавање.