Американската пејачка Арета Френклин одличила да сними уште еден последен албум, после кој планира да се повлече од светот на музиката.
Кралицата на соул музиката сака да сними уште еден албум во продукција на Стиви Вондер.
Арета изјавила и дека оваа година ќе ги одржи последните концерти, објаснувајќи дека сака да им посвети подолго време на внуците.
Пејачката врвот на кариерата го доживеа при крајот на 60-тите години, а нејзините песни „Respect“ и „Chain Of Fools“ станаа класици.