Запечени макарони со кафриол и сирење

Состојки:

1 мала главица карфиол,
350 грама макарони,
2 чешниња лук,
250 грама сирење,
1 лажица маслиново масло,
2 дл кисела павлака,
сол,
бибер.

Подготовка:

Во длабок сад ставете вода да зоврие, па додадете ги цветовите карфиол и макароните. Посолете и гответе додека макароните не бидат полу зготвени.Исцедете ги, но сочувајте чаша вода затоа што ќе ви треба за сос. Исцедените карфиол и макарони ставете ги во огноотпорна тава, посолете и побиберете. Во вилушка благо изгмечете го карфиолот. За сосот помешајте ја водата во која ги готвевте карфиолот и макароните, павлака и ренданото сирење и се добро промешајте. Испасирајте го лукот и повторно промешајте, па прелијте преку макароните. Ставете ги да се печат околу 15 минути на 220 степени.

Запечени макарони со кафриол и сирење